Ако може да му се верува на списанието „Максим“, Ева Лонгорија е најсекси жена за 2014 година. Американската актерка и убавица и претходно била на насловната на ова машко списание, а два пати по ред, во 2005 и 2006 година ја предводела листата 100 најсекси жени. Инаку, актерката која се прослави во серијата „Очајни домаќинки“ и поранешната сопруга на кошаркарот Тони Паркер, оваа година полни 39 години.

Минатото лето магистрира во Калифорнија и вели дека приватно е се само не фатална заводничка. Меѓутоа, дека сепак се гордее со своето тело и изглед на кој можат да и позавидат и двојно помлади девојки, потврдила и минатата година, позирајќи за насловната на списанието „Elle“. Ева се фотографирала потполно гола, за подоцна со фотошоп да бидат додадени Сваровски кристали.