Иако редовно се наоѓа на листите најубави жени на светот, Ева Лонгорија со најновата фотографија покажа дека патот до тие листи го заслужува и без асистенција на шминкери. Убавата Ева, која гордо зачекори во четвртата деценија од животот, на профилот на Инстаграм педели фотографија во опуштено издание и без капка шминка. Објавата на фотографијата фановите ја дочекаа со големо одобрение поздравувајќи ја едноставноста на актерката и нејзината природна убавина.
Ѕвездата на серијата „Очајни домаќинки“ моментално ја промовира најновата серија со наслов „Теленовела“. Ова е нејзин прв проект после ангажманот во серијата ‘Devious Maids’, каде беше во улога на извршен продуцент. Освен тоа улогата во новата серија и е прво појавување на малите екрани после завршувањето со снимањето на серијата „Очајни домаќинки“ во 2012 година. Во новата серија го толкува ликот на Ана Софија Калдерон, актерка од мексикански сапуници која не знае да зборува шпански.