Ева Лонгорија одлучила да ги отстрани двете тетоважи кои ги истетовирала на вратот и зглобот на раката бидејќи не сака да ја потсетуваат на наскоро поранешниот сопруг Тони Паркер. Актерката на вратот го има истетовирано бројот „9“ кој Тони го носи на својот  дрес за тимот на Сан Антонио Спарс. На Зглобот го има истетовирано датумот на нивната венчавка.


Извор близок на актерката вели дека е многу тажна поради разводот и дека тетоважите ги отстранува бидејќи не сака да ја потсетуваат на неверниот сопруг. Актерката пронашла пораки на телефонот на сопругот напишани од друга жена. Ева неодамна изјавила дека жали што порано не се развела од сопругот бидејќи ја изневерувал од почетокот на нивниот брак.