На самиот почеток од сезоната Челси ремизираше пред своите гледачи со Свонси 2-2, а португалскиот стручњак Жозе Мурињо ги обвини физиотерепавтите Ева Карнеиро и Џон Ферн за неповолниот резултат.


Подоцна, Мурињо побара и доби можност да ги суспендира двајцата физиотерапевти кои неколку години седеа на клупата од „сините“ на сите натпревари.

Карнеиро и Ферн покренаа тужба против Мурињо и клубот кој според нив неправедно ги суспендирал од работа.

Во тужбата од Карнеиро стои дека таа покрај суспензијата е дискриминирана како личност поради поврзувањето со некој фудбалер од соблекувалната на Челси.

Ако судот донесе пресуда во полза на клупските доктори тогаш Челси ќе плати парична казна и една плата, а Мурињо ќе се соочи со посебни казни изречени од Англискта фудбалска федерација.

„Сините“ лошо ја започна одбраната на титулата во Премиер лигата, а ваков проблем надвор од теренот најмалку му беше потребен на Мурињо кој има голема мака на воигрување на екипата.

Ohridnews