Манекенката Ева Херцигова повторно е бремена и го очекува своето второ дете. Бремена е четири месеци, а приновата ќе ја добие со своето долгогодишно момче италијанецот Грегорио Марсиа. Младиот пар веќе го има тригодишниот син Џорџ.
Информацијата излегла во јавност откако манекенката среќната вест ја поделила со една продавачка во продавница за детска облека. Ева и Грегорио се во врска од 2001 година. Во една пригода манекенката изјавила дека во врската е многу среќна и дека на своето момче му е најубава кога е бремена.