Чешката манекенка Ева Херцигова го очекува своето трето дете, а приновата треба да пристигне на пролет, пренеле странските медиуми. Таа веќе има две деца, петгодишниот Џорџ и Филипе кој има 21 месец, а моментално е во четвртиот месец од бременоста.
Таа и нејзиниот партнер Грегорио Маршали се многу среќни што ќе добијат уште едно дете. Инаку, Ева Херцигова е новото заштитно лице за новата линија за нега на кожата на познатата компанија „Диор“.