Чешката убавица Ева Херцигова наскоро ќе наполни 40 години, но на совршеното лице и фигура можат да и позавидат и помладите колешки. Таа се фотографирала гола во базен, а на нозете имала високи провокативни потпетици.
Кој би рекол дека родила две деца, дека чека трето и дека наскоро ќе наполни 40 години. Убавицата позирала потполно гола за рекламната кампања на дизајнерот за чевли Брајан Етвуд. Во склад со тоа, имала сандали со високи потпетици, а градите ги прекрила со рацете.