Со почеток во 10.45 часот денеска, светски познатиот телевизиски канал „Euronews“, ќе започне со прикажување емисии посветени на Македонија.
Серијалот, кој е во продукција на „Euronews“ има наслов „Мacedonian Life” (Животот во Македонија) и содржи петминутни емисии во кои се зборува за животот, бизнисот и културата во нашата земја.
Во наредните три недели емисиите ќе бидат прикажани 20 пати во текот на една недела, на арапски, англиски, француски, германски, италијански, португалски, руски, шпански и на турски јазик.
Програмата на „Euronews“ се емитува во 155 држави во светот на 10 јазици, а дневно телевизијата ја следат 7,5 милиони луѓе.
OhridNews