Водечката екипа во Супер лигата, Еурофарм Работник пристигна во Охрид и со вечерен тренинг во СРЦ „Билјанини Извори“ ги започна еднонеделните подготовки. „Фармацевтите“ под водство на македонската ракометна легенда Стефче Алушовски ќе работат во пеколен ритам тренирајќи два пати на ден.

  • Најмногу акцент на подготовките во Охрид ќе ставиме на тимскиот дух и атмосферата во екипата. За нешто да се подобри на физички план не е возможно, но затоа ќе работиме на тактички и технички план. Најмногу сакав екипата да е заедно, да се направиме победничка атмосфера, бидејќи не очекува тежок период во кој ќе мора да гиниме еден за друг. – изјави тренерот Алушовски.

Битолскиот клуб се подготвува за престојните дуели во плејофот од Супер лигата, мечевите во Купот на Македонија и завршните натпревари во Купот на ЕХФ. Ракометарите на Еурофарм Работник ќе останат до сабота, а в среда ќе го одиграат меч со Охрид во рамките од регуларниот дел од Супер лигата.

OhridNews