Лидерот на табелата во Супер лигата, Еурофарм Работник в петок против охридскиот ракометен клуб ќе ја има последната проверка пред почетокот на мечевите во групната фаза од Купот на ЕХФ.

„Фармацевтите“ со тест средбата во Охрид ќе ги заокружат подготовките за мечевите од Купот на ЕХФ, додека „гладијаторите“ ќе означат почеток на контролните натпревари низ кои ќе ја брусат формата за дуелите од Супер лигата.

Еурофарм Работник во првото коло од фазата по групи во Купот на ЕХФ гостува во Хановер, а силите ќе ги одмери против истоимениот состав. Покрај германскиот бундеслигаш во групата од битолчани се наоѓаат уште Нексе и Татабања.

Мечот се игра в петок со почеток во 17 часот.

OhridNews