Ракометарите на Еурофарм Работник ја расипаа перфектноста на охриѓани на домашен терен сезонава. Пулените на Горан Андоновски прв пат спортската сала „Билјанини Извори“ ја напуштија со наведната глава, по пет последователни победи. Бодовите, гостинските ракометари не ги освоија лесно, а во клучните моменти имаа среќа, но и тоа е потребно во вакви дерби мечеви во кои нијанси одлучуваат.
Обновено: „Фармацевтите“ најдоа лек за Охрид во „Билјанини Извори“
Фото: Емил Јовановиќ
Мх.П.