Ракометниот клуб Еурофарм Работник од Битола доби покана за настап во ракометната Лига на шампионите во сезоната 2019/2020 година, потврдија денеска од ЕХФ.
Во ракометна Битола, по цели 14 години, повторно ќе се игра ракомет во најквалитетното европско натпреварување.
Младиот тим на Еурофарм Работник го победи скопски Металург во трката за вајлд карта за настап во ЛШ.
Еурофарм Работник е шестиот македонски клуб што ќе настапува во Лигата на шампионите. Претходно, дел од најквалитетното клупско ракометно натпреварување во Европа беа Борец, Јафа, Вардар, Металург и Пелистер.
Се очекуваат противниците на Еурофарм во помалку квалитетните групи (Ц или Д). Натпреварите во Битола ќе се играат во салата „Боро Чурлески“.
Европскиот шампион Вардар ќе биде носител во елитните групи А или Б во ЛШ, а ЕХФ одлучи вајлд карта да им додели на Монпелје, Кил и на Пик Сегед.
Групите:
А и Б: Вардар, Загреб, Алборг, Барселона, Фленсбург, ПСЖ, Веспрем, Мешков Брест, Елверум, Кјелце, Порто, Целје, Мотор Запорожје, Кил, Пик Сегед, Монпелје.
Ц и Д: Кокс, Динамо Букурешт, Чеховски Медведи, Савехоф, Шафхаузен, Татран Прешов, ГОГ, Бидасоа, Еурофарм Работник, Висла, Спортинг Лисабон, Кристијанштад.