Битолскиот клуб Еурофарм Пелистер ги заврши мечевите во Европа, откако претрпе два порази во осминафиналниот двомеч со германскиот бундеслигаш Магдебург, во 1/8 финалето од Европската лига.
Германците пласманот во топ 8 го заверија со нов, овој пат поубедлив триумф изразен со 11 голови разлика 35-24. Во првиот меч во Битола, „пелистерци“, изгубија со осум голови 32-24.
За битолчани не преостанува ништо друго, туку брзо да се екипираат и што побргу да ја заборават елиминацијата од Европската лига и поразот од Вардар во плејофот од Супер лигата и да се насочат кон мечевите од СЕХА лигата, Купот на Македонија и следните предизвици во македонскиот шампионат.
OhridNews