Ракометарите на Охрид забубија од Еурофарм Пелистер во натпревар од плејофот во Супер лигата. Синоќа во салата „Билјанини извори“ ГРК Охрид – Еурофарм Пелистер 21:24, полувреме 11:12.

Најефикасен во редовите на домашниот тим и воопшто на натпреварот беше Филип Николов со 9 погодоци, колку што на спротивната страна постигнаа Јосип Мандалиниќ и Елмир Граџан.

По 8 одиграни меча во разигрувањето Охрид е на шестото место со само еден освоен бод.

Во следното коло, кое на програмата е на 22 мај, ГРК Охрид во Кавадарци му гостува на Тиквеш.

Г.М.
Фото: Архива