Еурофарм Пелистер е вториот финалист на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” во Охрид.
Попладнево актуелниот македонски шампион и учесник во Лигата на шампионите, неочекувано загуби од Металопластика Шабац 26:27, но и покрај тоа го обезбеди првото место во групата Б и се пласираше во финалето каде ќе се сретнесо Олимпијакос кој, пак, оствари максимални три победи во А групата во која игра и домаќинот Охрид.
Второто место во Б групата го освои Татран Прешов, Металопластика е трета, а Бутел Скопје четврти.
Конечниот редослед во А групата ќе биде познат вечерва по одигрување на натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Бешикташ.
Натпреварите за пласман се играат во сабота, 26 август. Финалето почнува во 20:15 часот.
Г.М.