Еурофарм Пелистер е вториот финалист на Меѓународниот меморијален турнир “Крсте Андоновски” во Охрид.

Попладнево актуелниот македонски шампион и учесник во Лигата на шампионите, неочекувано загуби од Металопластика Шабац 26:27, но и покрај тоа го обезбеди првото место во групата Б и се пласираше во финалето каде ќе се сретнесо Олимпијакос кој, пак, оствари максимални три победи во А групата во која игра и домаќинот Охрид.

Второто место во Б групата го освои Татран Прешов, Металопластика е трета, а Бутел Скопје четврти.

Конечниот редослед во А групата ќе биде познат вечерва по одигрување на натпреварот помеѓу ГРК Охрид и Бешикташ.

Натпреварите за пласман се играат во сабота,  26 август. Финалето почнува во 20:15 часот.

Г.М.