Еурофарм Пелистер го совлада Вардар вечерва во Битола и направи голем исчекор кон освојување на титулата во ракометната Супер лига, прва по пауза од 18 години. Пелистер славеше 26:23, полувреме 13:12.
Пелистер носен од петилјадната битолска публика го диктираше ритамот. Водството на домаќинот растеше, за во еден момент да достигне +4 (12:8), но Вардар се врати во игра и на полувреме се замина со 13:12.
На почетокот на вториот дел Вардар израмни, Пелистер беше во мала криза, но битолчани брзо се опоравија и со серија од 4:0 го најавија триумфот.
Со оваа победа Пелистер го презеде првото место на табелата. До крајот на плеј-офот остануваат уште две кола во кои Еурофарм Пелистер му гостува на Охрид, а дома ја пречекува екипата на Тиквеш.
Г.М.
Фото: Е. Пелистер