Амбициозниот битолски клуб Еурофарм Пелистер го претстави најѕвучното засилување во преодниот рок, кој поради прекинувањето на првенството започна многу порано од очекуваното. „Зелено белите“ во своите редови го доведоа хрватскиот ракометар Стипе Мандалиниќ.

27-годишниот леб бек пред неколку дена се раздели од германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин и изненадувачки го одбра Пелистер пред Загреб, Вардар и Мешков Брест за продолжување на кариерата. Мандалиниќ и „фармацевтите“ потпишаа двегодишен договор.

Официјално се е готово, и јас сум нов ракометар на Еурофарм Пелистер. Се гледаме наскоро и тргнуваме во поход кон титули. – изјави Мандалиниќ во видео презентацијата.

Битолчани подготовките за новата сезона ќе ги започнат на крајот од јуни месец.

OhridNews