Ракометарите на Еурофарм Пелистер вечер ги почнуваат натпреварите од групната фаза во Европската ракометна лига. Во првото коло битолчани го пречекуваат францускиот претставник Ним.

Според Жељко Бабиќ, тренер на Еурофарм Пелистер, Ним е клуб за респект заради квалитетот и државата од која што доаѓа.

– Претстои тежок меч, во кој мораме да бидеме многу прецизни, тактички добри. Ним е класична екипа и репрезент на францускиот ракомет, цврста и многу брза. Подготвени сме за малку поинаква игра, не каква што сме навикнати досега во Европа.  Натпреварите во домашната лига дадоа придонес, иако Европа е нешто поинаку и тешко е да се споредува квалитетот. Важно е што со нас ќе биде и публиката, истакна Бабиќ пред вечерашниот натпревар во Битола.

Ракометната средба меѓу Еурофарм Пелистер и Ним почнува во 20:45 часот.

 

 

OhridNews