Домаќинот Германија, забележа убедлива победа над Шкотска на отворањето на Европското фудбалско првенство.

“Панцирите” во првиот меч од групата А славеа со 5:1 со головите на Вирц, Мусиала и Хаверц од пенал во првото полувреме, како и на Филкруг и Емре Џан во вториот дел. Единствениот гол за Шкотска всушност беше автогол на Ридигер.

Шкотите мечот го завршија со 10 играчи откако во 45 минута беше исклучен Рајан Потриус.

ЕП во сабота продолжува со 3 средби од А и Б групата. Од 15 часот во групата А се среќаваат Унгарија и Швајцарија, а во групата Б од 18 часот играат Шпанија и Хрватска. Во вечерниот термин во 21 часот се среќаваат Италија и Албанија.

Г.М.

Фото: МИА/УЕФА Еуро 2024