Вечерва продолжуваат квалификациите за пласман на Евро 2008 во Австрија и Швајцарија. Еве го краткиот преглед на случувањата во групите
Група А
Ситуацијата во оваа група е во потполност замрсена,четири репрезентаци кандидираат за првите две места во групата а бодовната разлика е само 4 поени. По поразот од Португалија дефинитивно отпадна Белгија која беше торпедирана на гостувањето во Португалија со 4-0
Азербеџајн – Финска
По убедливиот пораз од Полска 5-0 и по пет одиграни натпревари азербејџанците имаат само еден бод на нивното салдо .И покрај незгодниот терен во Баку Финците се сепак фаворити, репрезентацијата предводена од Рој Ходсон е сериозен кандидат за Еврото и кикс не смее да си дозволи .
Полска – Ерменија
По сигурната победа против Азербејџан ,Пољаците ги очекува уште еден лессен натпревар против една екс СССР република . Ерменија се уште нема постигнато ниту еден гол на четирите натпревари освојувајќи само еден бод. Со нова победа пољаците би го зацврстиле првото место во групата .
Србија – Потугалија
Тежок дебакл доживеаа нашите соседи во саботата кога беа поразени од Казакстан земја која ја осигура својата прва победа откако е член на Уефа.да е трагедијата поголема Клементе остана И без напаѓачот Никола Жигиќ кој на крајот на мечот заработи црвен картон.Во тимот се враќа Дејан Станковиќ ,но на Маракана во Белград доаѓа незгодната Португалија со расположениот Кристијано Роналдо .
1. Полска 6 13
2. Финска 5 11
3. Потугалија 5 10
4. Србија 5 10
5. Белгија 6 7
6. Казакстан 6 5
7. Ерменија 4 1
8. Азербејџан 5 1
Група Б
На врвот на Б групата се селекциите на Шкотска и Франција, но Украина со 9 и светскиот шампион Италија со 7 сигурно се уште не се предадени.
Украина – Литванија
И без Андреј Шевченко Украинците немаа проблеми со репрезентатицијата на фарски острови .Не би требало посериозен проблем да бидат и литванците .Со нови три бода репрезентацијата на Блохин ќе се врати во врвот,само потсетување селекцијата на Украина беше првата репрезнтација од евро зната што избори пласман на СП 06
Грузија – Фарски Острови
Бодот од Глазгов им избега во 90 мин,па цехот ќе го платат репрезентативците на Островото
Италија – Шкотска
Со само 7 бода од 4 натпревари светските шампиони се наоѓаат во незавина положба.се освен победа би значело катастрофа и најверојатно крај за Роберто Донадони.Тој неможе да смета на Јакинта,Гросо ,Закардо но и на Тоти кој одбива да игра за азурите. Шкотите стојат одлично на табелата но во Бари Италија е апсолутен фаворит .
1. Франција 5 12
2. Шкотска 5 12
3. Украина 4 9
4. Италија 4 7
5. Литванија 4 4
6. Грузија 5 3
7. Фарски О. 5 0
Група Ц
По жестока преметка во Атина турците се единствената репрезентација со максимален број на бодови во грпата Ц,со победата во Осло Босанците значително ги зголемија шансите за пласман на ЕП .
Унгарија – Молдавија
Унгарците во саботата не игра квалификации,не го беа дел од ревијалниот натпревар во Подгорица каде Црна Гора на својот прв службен натпревар славеше 2-1.натпревар кој мора да го добијат унгарците ,поготово што Молдавија има само 2 бода со гол разлика 3:11 во пет натпревари .Во саботата Молдавија не успеа да ја совлад Малта што само покажува за нивната “сила“
Малта – Грција
По дебаклот на домашен терен ,Малта е таа на која грците ќе се истурат .
Турција – Норвешка
Само со победа Турците ќе ја потврдат победата над Грците,повторно фудбалската еуфорија владее во земјата,но турците поради инцидентот од плеј офот со Швајцарија како домакини ќе играат во Франкфурт
1. Турција 4 12
2. Грција 4 9
3. БиХ 5 7
4. Норвешка 4 6
5. Малта 4 4
6. Унгарија 4 3
7. Молдавија 5 2
Група Д
Со победата во дербито на групата германицте завршија голема работа во групата.денес одмараат а недостатокот ке се обидат да го надополнат Чешка, Ирска и Словачка .
Чешка – Кипар
Релаксирачки натревар по поразот од Германија за чесите,Кипар не е така лош но доста ке треба да се намачи во Либерец за да остане непоразен .
Ирска – Словачка
Директен дуел на екипите кои како второпласирани ке ја бараат својата шанса за пласман на Еврото.гостите на пеколното гостување ќе им недостасува првиот стрелец Минтал.По победа во битката за Британија против Велс,Ирците очекуваат нови три бода .
Велс – Сан Марино
Шансата што ја имаа во баражот за ЕП ’04 против Русија тешко дека уште еднаш ке им се повтори на Велшаните.Сепак Сан Марино е репрезентација за поправање на гол разликата,на 4-те одиграни натпревари имаат гол разлика 1-27
1. Германија 5 13
2. Чешка 5 10
3. Ирска 6 10
4. Словачка 5 9
5. Кипар 5 4
6. Велс 4 3
7. С. Марино 4 0
Група Е
По победата на Максимир хрватите остануваат на чело на нашата група,додека сериозно се приближуваат русите,а продолжуваат проблемите на Англичание под водство на МекЛарен .
Андора – Англија
Конечно вечерва Трите Лава ќе го прекинат постот од 203 дена без победа и ќе ги постигнат првите голови по оној на Градски на 6 јуни со кој не совладаа 1-0 .
Изреал – Естонија
Ако сакаат да останат во игра за пласман на Евро ’08 Израелците ќе мора да ја совладаат селекцијата на Естонија која се уште нема постигнато гол и нема освоено бод .
1. Хрватска 5 13
2. Русија 5 11
3. Англија 5 8
4. Израел 5 8
5. Македонија 6 7
6. Естонија 4 0
7. Андора 4 0
Група Ф
Црвента фурија успеа да слави во одлучувачкиот двобој на Сантијго Бенрабеу совладувајќи ја Данска 2-1,Швеѓаните се сигурни во оваа група .
Лихтенштајн – Латвија
По поразот од Северна Ирска викендот во Вадуз,ништо повеќе од пораз не е за очекување за малите Лихтенштајнци
Северна ирска – Шведска
Многу важен натпревар во оваа група ,северно ирците предоведени од членот н Лидс Дејвид Хили одлично туркаат и од 5 натпрвари имаат 10 освоено бода .Кај викинзите во составот во право време се враќа Ибрахимовиќ .
Шпанија – Исланд
По победата над Данците многу помирно во овај натпрвар влеуваа избраниците на Арагоњес.Исланд нема што да бара на Мајорка и статистка и традицијата се на страна на домакинот .
1. Шведска 4 12
2. С. Ирска 4 7
3. Данска 4 7
4. Шпанија 4 6
5. Латвија 3 3
6. Исланд 4 3
7. Лихтенштајн 3 0
Група Г
Во “балканската“ група Холандија ремизираше дома со Романија играјки 0-0 ,Бугарите одмараа ,додека Словенија остана непоразена во Албанија
Бугарија – Албанија
По 4 одиграни натпревари бигарите имаат 2 победи и 2 ремија ,императивот победа виси во дуелот со албанија ,Бербатов е човекот кон кој ќе бидат свртени сите погледи,по здравсвените проблеми на клупата на Албанија се враќа Ото Барич .
Романија – Луксембург
Чисти кец .Со нови три бода Романците ќе се приклучат кон врвот .
Словенија – Холандија
Словенцте немаат значителни резултати но секое опуштање против нив може да биде кобно . Сериозноста во играта и квалитетот треба на избраниците на ван Бастен да им донесе 3 бода .
1. Холандија 4 10
2. Бугарија 4 8
3. Романија 3 7
4. Белорусија 5 7
5. Словенија 4 4
6. Албанија 4 2
7. Луксембург 4 0
М.Постолоски