Екипата на Мајорка после шест години се врати во шпанската фудбалска елита. Во баражот за влезот во Ла Лига, Мајорка го совлада тимот на Депортиво ла Коруња со 3-2 во вкупен резултат.
Мајорка во реваншот победи со 3-0 и успеа да ја надополнива негативата од 2-0 од првиот натпревар. Анте Будимир, Салва Севиља и Абдон беа стрелци за головите на Мајорка во триумфот на Депортиво вреден промоција во најквалитетната лига. Успехот и кам бекот на екипата бурно го прославија симпатизерите а имун не остана ниту Рафа Надал кој е роден на познатиот остров.
Покрај екипата на Мајорка во Примера Дивизион се вратија Осасуна и Гранада.
OhridNews