В понеделник, 27 мај 2019 година, амбасадорот на Европска Унија Самуел Жбогар ќе ја посети Струга како дел од патувачкиот ЕУ автобус. За време на посетата, амбасадорот Жбогар ќе има дебата со средношколците за „Визијата на младите за Европската Унија“ проследена со велосипедско родео за најмладите.
Караванот ќе продолжи во Охрид каде амбасадорот Жбогар ќе го објави почетокот на нова кампања под брендот „ЕУ за ТЕБЕ“. Кампањата се навраќа на основите со цел ја подигне свеста за заштитата на животната средина. Секој треба да води грижа за животната средина онака како што се грижи за домот.
Граѓанските иницијативи и активистите веќе го започнаа пролетното чистење на земјата и „ЕУ за ТЕБЕ“ го поддржува еко-активизмот во Северна Македонија со слоганот „За чисто како дома исто“. Делегацијата на Европската Унија ќе ги поддржи т.н. херои од соседството кои ја започнаа промената и испраќаат моќна порака дека ѓубрето наоколу е твое. А промени настануваат преку давање пример – од страна на поединци или на општините.
Кампањата „За чисто како дома исто“ ќе започне со средба на амбасадорот Самуел Жбогар со еколозите и активистите од Охрид и Струга.
OhridNews