Лидерите на Европската унија (ЕУ) разгледуваат ‘радикален план за запирање на напливот на имигранти преку Балканот’ и целосна блокада на македонската граница со Грција, така што грчките власти ќе бидат принудени итно да поработат на заштитата на надворешните граници на Унијата, објави денеска британскиот весник „Financial Times“, јавува „Макфакс“.
Весникот наведува дека во понеделник за тоа би можело да расправаат министрите за внатрешни работи на ЕУ и додава дека Европската комисија(ЕК) и клучно заинтересираната Германија, се подготвени да го поддржат предлогот на Словенија ситуацијата значајно да се преврти така што ќе и се помогне на владата во Скопје да ја затвори границата со Грција и така да се спречи неконтролиран прилив на имигранти.
За тој словенечки предлог и замислите на две години да се стави вон сила шенгенскиот простор без граници во случај на “трајна сериозна нефункционалност“, во средата веќе разменија мислења амбасадорите на мисиите на земјите членки на ЕУ во Брисел, кои го подготвува дневниот ред на седницата на министрите за внатрешни работи на ЕУ, во понеделник во Амстердам, со клучна тема приливот на мигрантите преку ‘западнобалканската рута’.
Овие тврдења се надоврзуват на вестите од Љубљана дека унгарскиот премиер Виктор Орбан, кој се наоѓа во поеста на Словенија, го поддржал предлогот на словенечкиот премиер Миро Церар, упатен до лидерите на ЕУ и лидерите на државите од западен Балкан, со “директна помош на владата во Скопје да се издејствува значително зајакнување на надзорот на границата со Грција за да се запре приливот на нелегални имигранти“.
Целта на оваа мерка, како што нагласи Церар, е во рок од неколку дена да се ублажи притисокот на мигрантите на Западен Балкан.
Според Церар, ваквите мерки мора да бидат во насока да се принуди Турција, согласно договорот со ЕУ, да ги затвори своите граници за и понатаму непречениот протижок на имигранти кон Европа.
Повеќе европски коментатори заклучија дека затворањето на македонско-грчката граница фактички ќе ја изолира Грција од Шенген зоната, како и од останатиот дел од Унијата.
OhridNews
извор: „Макфакс“