Русија стои зад масовниот кибер напад на сателитската интернет мрежа, што на почетокот на војната во Украина исфрли од мрежата илјадници модеми, се наведува во денешното соопштение на Европската Унија.

Нападот на мрежата KA-SAT на Виасат, кон крајот на февруари годинава, се случи токму тогаш, кога руската војска влезе во Украина, пишува во соопштението.

Претходно, германскиот магазин Шпигел објави за руски хакери кои напаѓаат сајтови на германски власти, институции, како и аеродроми.

OhridNews