Европската комисија денеска ги повика сите политички фактори во Македонија на одговорно однесување фокусирајќи се на реформите и ги повика сите партии да придонесат за изборите во 2013 година да минат транспарентно, како коментар на најавите за бојкот на мартовските локални избори.

Европската унија ги повикува сите политички партии во Македонија да се однесуваат одговорно и главна цел на агендата да им бидат реформите со кои ќе овозможат Европската комисија да донесе позитивен извештај напролет, гласи официјалниот став на Брисел во врска со политичката криза во Република Македонија предизвикана од блокирањето на донесувањето на Буџетот за 2013 година, јави дописникот на агенцијата МИА, пренесува „Макфакс“.

Станува збор за блокада на работата на Комисијата за финансирање и Буџет, каде што претставниците на најголемата опозициска партија СДСМ предложи повеќе од илјада амандмани, од кои некои треба да мината и на други собраниски комисии, го одолговлекува периодот во кој предлог-буџетот за 2013 година  треба да биде ставен на гласање во Собранието и да се изгласа да се изгласа до 31-ви декември, вклучително и законот за задолжување кај Светската банка. Во спротивно, како што најави министерот за финансии и вицепремиер Зоран Ставрески државата ќе претрпи штета од 84 милиони евра.

Од Европската комисијата, индиректно  ја коментираа во четвртокот и заканата што лидерот на СДСМ, Бранко Црвенковски, ја објави минатата седмица на прес-конференција, дека опозицијата дека нема да учествува на локалните избори кои треба да се одржат во март идната година, доколку не биле прифатени сите препораки од ОБСЕ за изборниот законик. Од ЕК порачаа дека Република Македонија има добро досие за одржани избори во последните години и оти очекуваат сите партии да придонесат изборите во 2013 година да се спроведат на транспарентнен начин.

Она што ние постојано го нагласуваме и што беше неодамна повторено од страна на ЕУ во заклучоците на Европскиот совет е дека вашата земја треба да ја фокусира целата енергија и напори и да испорача резултати со што ќе и се овозможи на Комисијата да даде позитивен извештај за прашањата што се во фокусот, како реформите и слично, а што потоа ќе им овозможи на земјите-членки да донесат позитивна одлука за отворање на пристапните преговори со ПЈР Македонија“, го цитира агенцијата Петер Стано, портпаролот на ЕК задолжен за секторот проширување на Унијата, Додал дека тоа треба да претставува главната цел на политичката агенда на земјата.

Санино, притоа, повторил, дека Комисијата не ги коментира позициите на различните политички актери, ниту шпекулира што би можело да се случи доколку, мешутоа потсетил дека за напредокот на Република Македонија во евроинтеграциите треба да придонесат сите политички актери во земјата.

„Сите политички партии имаат одговорност да обезбедат локалните избори во пролетта 2013 година да се спроведени на отворен, плуралистички и транспарентен начин“, бил дециден Стано.

Според него, Европската комисија и земјите-членки на ЕУ гледаат на изборите кај сите аспиранти и кандидати за членство како на една од потребните мерки за напредок.

„Македонија има добро досие во последно време во одржувањето на изборите и напредок во изборните реформи. Затоа, ние очекуваме локалните избори во март да забележат натамошен напредок“, вели портпаролот на ЕК.

OhridNews
извор:„Макфакс“