Европската комисија (ЕК) одблиску ја следи постизборната состојба во Македонија и очекува брзо формирање на нова и стабилна влада, како и итна имплементација на реформите, изјави портпаролката на ЕК, Маја Коцијанчич, откако претседателот Ѓорге Иванов му го предаде мандатот за состав на новата влада на претседателот на ВМРО-ДПМНе, Никола Груевски.

„Во оваа фаза, единствено што можам да кажам е дека ние одблиску ја следиме ситуацијата. Како што рековме во минатото, ние, во рамки на уставните рокови, очекуваме брзо формирање на нова стабилна влада. Ние, исто така, сакаме да видиме итна имплементација на реформите, решавање на прашањата за системското владеење на правото, исто и преку итните реформски приоритети и преку продолжена имплементација на претходните политички договори. Во овој контекст, ние ќе продолжиме да ја поддржуваме земјата на нејзиниот европски интеграциски процес. Тоа е се што можам да кажам во моментов“, изјави Коцијанчич.

Според членот 90 од Уставот, мандатарот, односно Груевски, „има рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието да му поднесе програма и предлог-состав на Владата“. На предвремените парламентарни извори на 11 декември, ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број пратенички маднати – 51, СДСМ има 49, ДУИ – 10, Движење Беса – 5, Алијанса за Албанците – 3 и ДПА освои 2 пратеници.

OhridNews
извор Макфакс