Европската комисија соопшти дека мерките на шпанската влада за спречување на отцепувањето на Каталонија се во согласност со Уставот и законите, пренесува „Макфакс“.
Иако во ЕУ е видлива загриженоста поради неизвесната и вжештена ситуација во Каталонија, поддршка на владата во Мадрид и на нејзините уставни мерки за обезвластување на сепаратистичките власти во Барселона и дадоа сите значајни институции и земји во ЕУ, освен Белгија.
Според шпанските медиуми, ваквата одлука на Белгија се базира на тоа што во нејзината владејачка коалиција превласт имаат фламанските партии, кои слично како и Каталонија, сакаат Фландрија да прогласи независност.
OhridNews
извор: „Макфакс“