Војната во Украина и ризикот од нуклеарен судир со Русија ја зајакнува реакцијата на ЕУ, залихите на потребни лекарства за граѓаните се зголемува, јави дописничката на МИА од Брисел.
Ова денес го најави Европската Комисија. Цивилниот механизам за заштита на ЕУ и ХЕРА, телото задолжено за здравствена подготвеност во ЕУ, ги зголемуваат залихите на лекарства, вакцини и други релевантни опреми во случај на хемиски, биолошки, нуклеарен или радиолошки напад во Европа.
Прв чекор е дистрибуција на таблети за заштита од штетни зрачења. Три милиони таблети јодид се испорачани во Украина во овој контекст.
Еврокомесарот за управување со кризи, Јанез Ленарчич, изјави дека Европската Комисија презема конкретни мерки за зајакнување на европската подготвеност во случај на закана или напад.
Подготвуваме резерви за деконтаминација и нови залихи на опрема специфично за хемиски, биолошки или нуклеарни итни случаи, изјави еврокомесарот.
OhridNews