Советот на министри на Европската унија (ЕУ) на предлог Словенија го усогласи ставот очекуваното укинување на визите за трите држави да стапи на сила поранo од претходно предвидениот термин – 1-ви јануари 2010 година.
Според најавите укинувањето на визите треба да биде потврдено на 11-ти ноември на седницата на Европскиот парламент и потоа веројатно пред крајот на месецот и на состанокот на министри за внатрешни работи и правда на ЕУ.
Укинувањето на визите пред рокот, би бил убав божиќен и новогодишен подарок за граѓаните на Македонија, Србија и Црна Гора, смета Словенија. Македонското Министерство за надворешни работи го поздрави предлогот на Словенија за укинување на визите, кој како што се наведува, оди во прилог на заложбите за побрзо симнување на шенгенската визна бариера за државите во регионот.