Новајлијата во Првата лига, Струга Трим Лум имаше успешна тест средба на домашен терен, победувајќи го Пелистер со минимални 1-0 (0-0). „Црвено белите“ голот за победа го постигнаа од пенал преку Нијаз Лена на стартот од второто полувреме.

  • Добро е кога победуваме, но не сум задоволен од играта. Премногу грешевме во напад и треба да поработиме на реализацијата. Исто така не ми се допадна играта во одбрана во второто полувреме и тука ќе треба да поправиме некои работи. Многу ми е мило што грешиме сега, бидејќи во тек на натпревар со резултатско значење не се дозволиви такви грешки и промашувања. – изјави стратегот на стружани Јетон Беќири.

Фудбалерите на Струга Трим Лум денеска ќе ги одмерат силите со Кораб а во Првата лига ќе дебитираат следниот викенд против Работнички на домашен терен.

OhridNews

Минималец за Струга ТЛ против Пелистер