Етно составот „Баклава“ вечерва гостува во кафе пабот „Кастело“ во Охрид.

Баклава е музички состав со минималистички музички концепт: Звукот  го градат само еден женски вокал и два жичани и ударни народни инструменти –  тамбура и деф. Освен за преработките на композиции од македонскиот фолклор, групата  создава и авторска музика.


Етно вечер со „Баклава“ во Кастело

Баклава е основана во 2005 година. по издавањето на првиот албум насловен „Баклава” (2007) на местото на Александар Стаматов (од првата постава) во групата влегува Владимир Мартиновски.Во 2008 година групата го издава албумот „Калемар“ кој се состои од 14 композиции од кои 11 се компонирани од бендот, а три се македонски традиционални песни.

Баклава се: Елена Христова – вокали, Никола Николов – тамбура, Владимир Мартиновски – бас тамбура и Дејан Сибиновски -деф.

Настапот на „Баклава“ во кафе пабот „Кастело“ започнува во 22.30 часот.

OhridNews