Етно композиции спакувани во соврмени и модерни аранжмани ќе може да слушнат љубителите на музиката кои ќе бидат дел од предновогодишниот  концерт на  групата „МОНИСТРА“ во Струга. Концертот кој е закажан за 25 декември, ќе се одржи во струшкиот Центар за култура „Браќа Миладиновци“.

Во својата богата историја, етно составот „Монистра“, има забележано бројни успешни настапи не само пред домашната публика туку и во странство. Бендот е формиран 2002 година и создава музика базирана на македонските фолклорни мотиви, кои се аранжирани во современ и модерен звук.

OhridNews