” Календар ” е проектот на познатиот македонски музичар Кокан Димушевски што ќе биде вечерва на репертоарот на “Охридско лето” во црквата “Света Софија “со почеток во 21 часот.

Како што беше соопштено на денешната прес-конференција во дирекцијата на фестивалот, “Календар” е спој на современата електронска музика со етно звуците од поднебјето во кое што живее авторот.
Продуцентот Александар Герасимовски  најави дека се работи за интересен перформанс кој што  се подготвува две години, а вчера ја спушти и завесата на “Скопско лето”.

“Делото ” Календар” е  по малку свесен, по малку интуитивен обид на авторот да долови дел од човечкото постоење, во  4 ставови прикажани  преку осум музички минијатури”, изјави  Саша Николовски -Ѓумар под чии диригентски палки Камерниот оркестар на музичката младина на Македонија  со солистот Димушевски(на клавијатури) ќе го претстават проектот.

Претставата “Календар” се снима на носач на звук, а има  авторот и изведувачите имаат добиено покана за учество и на други фестивали надвор од Македонија.

Низ Камерниот оркестар на Музичката Младина на Македонија, единствен од ваков вид во Југоисточна Европа во 22 години колку што постои продефилирале повеќе од 250 млади музичари од Македонија и странство.

А.Ристоска