Оставка на владата, обелоденување на сите вистини за Албанците и нов договор во Македонија се трите главни барања што ќе бидат упатени на протестот што денеска ќе се одржи во Скопје под слоганот “протестирам албански”, јавува телевизијата „Алсат М“. Од организацискиот совет велат станува збор за исклучиво албански протест зашто, како што тврдат, во актуелната криза не се чул гласот само на Албанците.
“Ова е сеалбански марш без партиски амблеми и никој од оние кои го поддржуваат ќе немаат примат врз него. Затоа уште еднаш ги покануваме сите Албанци од Македонија, утре да излезат заедно со нивните семејства за силно да ги искажат своите барања. Утрешниот митинг ќе има три пораки – оставка на антиалбанската влада на инкриминираните и корумпирани Груевски и Ахмети, обелоденување на сите вистини за Албанците во Македонија и барање за нов договор во земјава”, рече Фердес Сулејмани, Организациски совет на протестот “Протестирам албански”.
Маршот ќе почне од паркот во Чаир во 17:00 часот и ќе заврши пред мостот “Гоце Делчев”.
OhridNews