Целта е на младите во време на оформување на личноста да им се всадат вистинските животни вредности.
Од министерството за образование потенцираат дека моралот и позитивните вредности во изминатите две транзициски децении биле маргинализирани, а понекогаш и сосема девалвирани и заменети со искривени кои го дегенерираат општеството.
Етиката ќе ја предаваат филозофи. Објавен е конкурс за учебник по предметот. Предвидено е тој да биде застапен еднаш неделно, т.е. 36 часа во учебната година.