“Етика” ќе биде задолжителен предмет за учениците од шестто оддееление во наредната учебна година, соопшти денеска министерот за образование , Никола Тодоров.
-Целта на воведување на овој предмет е учениците уште од 12- годишна возраст да се запознаат со важноста и значењето на етиката и моралот во животот на човекот и како да остварат и да ги почитуваат етичките вредности и најважно да развиваат вештини на толеранција, дијалект и почитување, изјави министерот Тодоров.
Во рамките на предметот ќе се разгледуваат различните универзални вредности, етика во здравството, како и современите технологии во етиката. Предметот ќе се предава еднаш неделно, и е задолжителен за разлика од веронауката која ќе биде изборен предмет. Предметот ќе го предаваат дипломирани филозофи, а конкурсот за учебникот е објавен, и се очекува да се најде соодветен ракопис за изучување.
Ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com