Естонскиот парламент вчера изгласал закон за забрана за продавање алкохолни пијалоци навечер.

Во обид да се намали пиењето на алкохол во Естонија, парламентот го одобрил законот према кој алкохолни пијалоци не ќе можат да се купат помеѓу 22 и 10 часот наутро.


„Би било идеално кога Естонија би била земја без никакви ограничувања, но животот, за жал, им пркоси на таквите желби“, изјавил во текот на расправата пратеникот Томас Тонисте.

Прекумерното пиење алкохол е честа појава во Естонија, што ја става земјата на самиот врв од членките на ЕУ по количина конзумиран алкохол.

Секој естонец во просек пие 12 литри чист алкохол секоја година, а стручните проценки велат дека во таа, една од најмалите држави во ЕУ, од последици од пиење алкохол секоја година умираат помеѓу 1.500 и 2.000 луѓе