Еуфоријата за историскиот пласман на Европското првенство во македонската фудбалска репрезентација за момент треба да стопира, бидејќи вечерва на „црвено жолтите“ ги очекува нов предизвик во Ц лигата од УЕФА лигата на нации. Противник на македонските фудбалери е селекцијата на Естонија.

Селекторот Игор Ангеловски и офанзивецот Иван Тричковски најавуваат атак на победа со која македонската репрезентација ќе ги задржи изгледните шанси за прво место во една од групите во ц лигата.

Истакнав и претходно дека главна цел е пласман на ЕП, ама моментално сме на прво место во групата и ќе дадеме се да бидеме први во Лигата на нации. Нормално е по голем пласман емоциите да се испразнети, ама кога играш нов меч за Македонија, сите ќе се потрудат максимално. Имаме доволно квалитет за победа, па да одиме на  Кипар и таму да решаваме за првото место.

Втората можност пак да бидеме шампиони во ова натпреварување мора да не мотивира. Од утре настапуваме како репрезентација која настапува на ЕП и тоа мора со сите сили да го браниме. Секогаш има мотивации и сакаме да бидеме први во Лигата на нациите. Ќе се обидам да ја изнесам најдобрата тактичка определба според тимот на располагање. Доволно време сме заедно и добро знаеме што треба да направиме на теренот. – изјави селекторот Игор Ангеловски.

Денес со Естонија, имаме должност и желба да се бориме и да докажеме дека нема да застанеме само со пласман на Европското првенство. Ако ги добиеме двата дуели би биле први, па императив за нас е да победиме и да се пласираме во Б лигата. – рече Тричковски.

Во финалните две рунди Македонија и Грузија влегуваат со идентични шест бодови, а третопласирана е Ерменија со пет поени. Последна е Естонија со 2 бодови. Мечот на Националната арена „Тодор Проевски“ се игра во 15 часот.

OhridNews