На креативен и уникатен начин во ООУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид беше уреден просторот пред административните канцеларии.

Естетски и функционално уреден просторот

Беше извршено естетско и функционално уредување на просторот пред административните канцеларии на кои се вметнати и цитати од македонски и светски автори и великани, велат од училиштето.

Просторот пред да биде уреден

Додаваат дека просторот бил уреден со сопствени средства, а истото било прифатено со големо задоволство од учениците и вработените.

OhridNews