Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо, кој сега на чело на Рома, од „ЕСПН’ е избран за најдобар тренер на Манчестер јунајтед по пензионирањето на Алекс Фергусо.
Мурињо, кој работеше во тимот од мај 2016 до декември 2018 година, беше опишан како „најуспешниот тренер во ерата по Ферги, барем освојувајќи трофеи, иако не и највредните“.
Второто место го зазема Оле Гунар Солскјаер кој го замени токму Мурињо. „ESPN“ го опиша настапот на Норвежанецот од декември 2018 до ноември 2021 година на следниов начин: „Нема сомнеж дека Солскјер го напушта Јунајтед во многу подобра форма отколку што ја наследи. Барем тој врати дел од престижот на клубот кој исчезна под неговите претходници“.
Третото место му припадна на Луиј ван Гал, сега селектор на репрезентацијата на Холандија. Работеше во тимот од јули 2014 до мај 2016 година.
На последното место се најде Дејвид Мојс, кој сега е тренер на Вест Хем. Помина помалку од една година во Манчестер Јунајтед – од јули 2013 до април 2014 година.
Манчестер јунајтед е во потрага по нов тренер, откако викендот го отпушти Солскјер поради слаби резултати.
OhridNews