Фудбалерите на Олимпијакос и Вулверхемптон ремизираа (1-1) во првиот натпревар од осминафиналето во Лигата на Европа. Дуелот во Грција, се одигра без публика на трибините и без грам спортска атмосфера, поради корона вирусот кој зема се поголем замав во Европа.

Менаџерот на „волците“, Нуно Еспирито Санто испрати загрозувачка порака после натпреварот иако обезбедија позитивен резултат во пресрет на реваншот.

Луѓето по светот се борат со болеста, некои од нив умираат а ние си играме фудбал. Тоа е апсурдно. – краток беше португалскиот стручњак.

Еден од заразените со коронавирусот е сопственикот на Олимпијакос, кој како и други лица мора да биде во карантин во следниве 14 дена.

OhridNews