Завчеравечер во престижниот Центар на Уметностите во Мелбурн гостуваше караванот „Кралицата и кралевите на ромската песна“.  Есма Реџепова со својата придружба ги загреа срцата на Македонците  во далечната Австралија.

Настапот беше изведен во соработка на Советот на Македонската заедница од Викторија и генералниот конзул на Република Македонија.

Салата, како што ни јави нашиот колега од далечната Австралија, Ицо Најдоски, била исполнета до последното место, а Есма со својот ансамбл била враќана повеќепати на бис.

Со цел збогатување на културната понуда од Македонија, Генералниот конзул на Република Македонија и Советот на македонската заедница планираат во Австралија да ги поканат и Синтезис и познатиот оперски пејач Борис Трајанов.

 ohridnews