Македонските претставници на Евросонг 2013 што се одржува во Шведска, Есма Реџепова и Лозано, ќе настапат вечерва на втората полуфинална вечер.
Шведските медиуми ја сврстија македонската делегација и нашите претставници за една од најпопуларните на Евросонгот во Малме, а според денешните информации од Малме, Есма и Лозано добиле голем аплауз на генералната проба пред полуфиналниот настап.
Во второт полуфинале десет држави ќе обезбедат пласман во финалето, кое ќе се одржи во сабота. Есма и Лозано со песната „Пред да се раздени“ ќе настапат трети по ред.