Македонските претставници на Евросонг 2013 што се одржува во Малме, Шведска, Есма и Лозано, не успеаа да изборат пласман во финалето на ова музичко натпреварување.


Тие во второтo полуфинале настапија како трети со песната „Пред да се раздени“, но не се најдоа помеѓу десетте изведувачи кои обезбедија пласман во финалето со гласовите од телевоутингот и жирито.

Во финалето на Евросонг ќе настапат: Унгарија,  Азербајџан, Грузија, Романија, Норвешка, Исланд, Ерменија, Финска, Малта и Грција.

OhridNews