Во Лас Вегас живее најстарата ескорт „девојка“ на светот, која својата работа ја работи од крајот на втората светска војна. Старицата заработува околу 60 илјади евра годишно. Мили Купер се вљубила во еден богат американец кога имала 27 години и од Лондон се преселила во Лас Вегас. Сопругот ненадејно и починал во 1945 година и останала сама со малата ќеркичка и без извори на приход.


Морала да се снаоѓа, а бидејќи работела како забавувачка, наскоро станала ескорт дама за богати клиенти. Отворила и своја агенција за ескорт и договарала средби со своите девојки. По 25 години пауза се вратила на работата и почнала сама да работи. Спиела со вкупно 3500 мажи. Моментално има до два клиенти неделно, а од еден клиент заработува околу 1000 евра. Таа изјавила дека денес девојките шетаат слаби, полуголи и со големи гради. Овој бизнис според неа станал одвратен. Таа отсекогаш била елегантна и нејзините клиенти биле прави господа.