Сообраќајната свест и култура и понатаму им недостига на охриѓани. Ионака малкуте на број велосипедски патеки во градот, постојано се полни со возила, ќеси со отпад, контејнери, шахти…. Велосипедистите постојано упатуваат апел повеќе да се внимава на патеките со цел непречено движење на велосипедите, но очигледно тоа не допира до несовесните граѓани.

И покрај тоа што Охрид изобилува со можности за се поголема замена на возилата со велосипеди, ветувањата на надлежните дека ќе се зголеми бројот на велосипедски патеки, засега не се реализирани и нив ги има само на поголемите сообраќајници.

OhridNews