Познатите холивудски актери Ештон Качер и Мила Кунис овие денови интензивно се дружат, па започнале да кружат гласини дека тие двајца се повеќе од пријатели. Тие биле забележани како заедно излегуваат од еден суши ресторан во Лос Анџелес, пренесува сајтот “TMZ.com”.
По вечерата тие двајца влегле во автомобилот на Качер и заминале во непознат правец, а Мила безуспешно се обидувала да го сокриле лицето од фотографите. Дали е во прашање љубовна врска засега не е потврдено. По распаѓањето на бракот со Деми Мур, ѕвездата на серијата „Два и пол мажи“ ја поврзуваа и со пејачката Ријана.