Актерот Ештон Качер, кој како млад се занимавал со манекенство се фотографирал за кампања на брендот “Colcci” со супермоделот Алесандра Амброзио, и тоа во кревет. Ѕвездата на серијата “Two And A Half Men” не ја прекинал соработката со брендот “Colcci” иако одамна престанал да се занимава со манекенството, па одвреме навреме прифаќа да прошета на модната писта или да се фотографира за тој бренд.


Фотографиите биле снимени во јуни минатата година, пред заносната Алесандра Амброзио да остане бремена. И покрај бременоста таа минатиот викенд на модната седмица во Сао Паоло прошетала на пистата со трудничкиот стомак, додека Ештон Качер седел во првиот ред. Оваа кампања на “Colcci” од колекцијата есен/зима 2012 била прикажана дури сега, а на фотографиите актерот и манекенката лежат во кревет.