Бројни фотографи го пресретнале актерот Ештон Качер додека излегувал од една продавница во Лос Анџелес. Тоа што прво го привлекло вниманието на сите била бурмата на неговата рака. Последниве денови медиумите ширум светот постојано пишуваат за распаѓањето на бракот на славниот актерски пар.
До криза во бракот дошло поради постојаните „дружења“ на Ештон Качер со многу млади убавици. Капката која ја прелила чашата била неговото наводно изневерување на Деми Мур на денот од нивната годишнина од бракот. Тие и понатаму молчат, па сеуште не се знае дали живеат заедно или планираат развод. Инаку, во брак се шест години.